Леон Апостоловски дете со аутизам за кој никој не верувал дека ќе проговори во 2019 година од дете со еден до два искажани зборови почнал да говори цели разговори. Се почнало во март кога неговата мајка Амела сонувала анѓел кој и рекол да одат во манастирот Василј Острошки за помош на нивното дете. Таа и сопругот веднаш заминле. Иако како што вели таа била муслимнка вербата во доброто во правилното и во услушаните молитви и го отвориле патот.
„Кога отидовме имавме исповед не однесоа до моштите таму ги допревме се помоливме. Кога излегов во дворот плачев, многу плачев. Тогаш, дојдоа две монахињи и ми рекоа: Мајка твоето дете ќе биде добро. Кога стигнавме дома наредниот ден Леон кажа цела реченица„мамо ајде да одиме надвор“, раскажа Амела.
Откако била два пати во манаситорт и кажала дека Леон прозборел, биле повикани од отецот Василиј да одат и лично да го види Леон.
„Отецот го виде со раширени раце му рече: откога се немаме видено“, ние бевме зачудени и Леон рече: „Многу одамна“, како да се познаваат. И двајцата во ист глас ја кажуваа молитвата оче наш.
И Леон со посебна радост чита цели молитви знае од каде му е помошта и се радува што може да оди во училиште и да се дружи со неговите другари, најсреќен е кога добива покани за роденден и кога му доаѓаат гости.
„Многу сакам родендени најубави ми е кога одам на роденден“, раскажа Леон.
Амела раскажува дека денес Леон е момче кое знае да зборува да чита се дружи со него редовна работи и таа како психолог. За неа треба проемни во целиот систем но вели дека мора да се променат родителите да работат и тие заедно да се подобри состојбата со аутизмот. Таа работи како терапевт со родители. Раскажува дека кога имате дете со аутизам ретко кој останува да ви биде пријател и за тоа им треба помош на родителите како тие прво сами да го прифатат аутизмот.
Амела изаде две книги „Светот на аутизмот (Патувањето на Леон)“ и „Ангелот по име Аутизам“ подарени до сите родители за да се разбере светот на аутизмот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата