logo
logo
logo

ЗГОЛЕМЕТЕ ГО НИВОТО НА ЕНЕРГИЈА ПО 50-ТАТА: Зошто не треба да се плашите од сложените јаглехидрати

Vecer | 16.09.2026

ЗГОЛЕМЕТЕ ГО НИВОТО НА ЕНЕРГИЈА ПО 50-ТАТА: Зошто не треба да се плашите од сложените јаглехидрати

Попладневниот пад на енергијата кај луѓето над 50-годишна возраст многумина го припишуваат на стареењето, лошиот сон или побавниот метаболизам. Сепак, нивото на енергија може да биде под директно влијание на начинот на исхрана, особено ако телото не добива доволно хранливи материи што му се потребни за секојдневно функционирање.

Една од причините можат да бидат навиките во исхраната што луѓето често ги усвојуваат кога се обидуваат да ја контролираат својата телесна тежина, објавува „Индекс“.

Една од најголемите грешки е драстичното намалување или целосното елиминирање на јаглехидратите од исхраната. Нутриционистката Џесика Кординг објаснува дека тие се мошне важен извор на енергија.

„Јаглехидратите се главното гориво за нашето тело и мозок“, изјави таа за списанието „Парејд“. Таа додава дека често среќава луѓе кои ги избегнуваат затоа што мислат дека од нив се здебелуваат, а потоа се чувствуваат постојано уморни.

Изборот на јаглехидрати е исто така важен

Нутриционистката Соња Анџелун истакнува дека телото ја користи гликозата од јаглехидратите за да произведе енергија во клетките. Недоволниот внес може да биде особено забележлив кај физички активните луѓе, бидејќи за време на активноста телото ги троши резервите на гликоген создадени токму од јаглехидратите. Поради ова, прекумерното ограничување може да доведе до чувство на исцрпеност.

Сепак, зголемувањето на внесот на јаглехидрати не значи потпирање врз слатки печива, бел леб и други рафинирани извори. Предност треба да им се даде на сложените јаглехидрати богати со растителни влакна, кои се разградуваат побавно. Анџелун меѓу ваквите намирници ги наведува гравот, интегралните житарки, леќата и зеленчукот, кои овозможуваат постепено ослободување на енергијата.

Кординг исто така препорачува овошје богато со растителни влакна, како што се бобинките, јаболката и крушите, како и нивно комбинирање со извори на протеини и здрави масти. Ваквите избалансирани оброци помагаат во одржувањето постабилно ниво на енергија во текот на целиот ден, без потреба од целосно елиминирање на јаглехидратите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk