Во еден супермаркет во западна Германија, еж активирал противпровален аларм откако очигледно останал заробен таму во текот на ноќта, соопшти полицијата во вторникот.
Полицајците кои реагирале на алармот го нашле животното во влезниот дел од продавницата во градот Мулхајм во близина на Франкфурт. Полицијата го опишала осомничениот како „четириножен, мал тркалезен натрапник, очигледно без криминални намери“..
Ежот веројатно претходниот ден се вовлекол во супермаркетот и случајно останал таму и по затворањето, но истражувајќи ја продавницата го активирал алармот, поради што полицијата излегла на терен.
Љубопитното животинче било прегледано пред да биде пуштено на слобода неповредено.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата