logo
logo
logo

Благовештение на Пресвета Богородица: Се верува дека денес треба да го внесете ова во куќата

Vecer | 07.04.2025

Благовештение на Пресвета Богородица: Се верува дека денес треба да го внесете ова во куќата

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Благовештението на Богородица е почетокот на сите Господови празници. Во отпустителниот тропар на празникот, пееме: „денес е основата на нашето спасение и објавувањето на тајната од вековите…“. Содржината на празникот се однесува на собитието кога архангелот Гавриил – оној ангел со кого се поврзуваат сите настани што имаат врска со Христовото вочовечување – по Божја заповед ја посети Богородица и ја извести дека дошло времето на воплотувањето на Логосот Божји, и дека таа ќе биде Неговата мајка, пренесува ПреминПортал.

„Како ќе ти влезе Благовештение во домот, така ќе ти оди цела година“

На овој празник се верува дека жените не треба да вршат домашни работи ниту да перат алишта. Овој празник воедно се смета и за празник на мајките, со оглед на тоа што Богородица е заштитничка на сите жени кои зачнале и станале мајки.

На Благовештение, постои убав народен обичај според кој во домот треба да се внесе пролетно цвеќе, како симбол на будење, чистота, радост и нов живот. Овој гест се смета за благослов за здравје, плодност и хармонија во домот.

Обичајот е поврзан со верувањето дека „како ќе ти влезе Благовештение во домот, така ќе ти оди цела година“, па затоа луѓето внесуваат нешто убаво – најчесто цвеќе, за да привлечат убавина и благосостојба.

Во македонската народна традиција, покрај лилјаницата, понекогаш и нана (мента) или босилек се носат дома за Благовештение, како благослов и заштита на домот.

Бела лилјаница (лилија) традиционално се смета за цветот на Пресвета Богородица, односно Богородичин цвет. Белата лилјаница симболизира чистота, невиност и светост – особини кои ѝ се припишуваат на Богородица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk