Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина.
Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“.
Не зборува италијански
„Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања.
Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна.
Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат.
Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор.
„Целиот случај е необичен“
„Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт.
Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки.
„Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник.
Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат.
„Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата