Oд 15 до 17 март во Скопје ќе се одржи вториот по ред Саем за козметика, нега на коса и естетика “Beauty Expo 24”. Настанот е закажан во хотелот Александар Палас, а саемот е одлична можност да се истакнат силните страни на секој професионален бренд и компанија која будно ги следи трендовите и новитетите во beauty индустријата.
Посетителите на саемот имаат можност да се запознаат со сите новитети на пазарот и beauty индустријата согласно 2023/24 година. Богатата програма која ќе биде дел од саемот во сите три дена ќе биде одлична можност за следење на Public spot едукативни презентации, набавување на производи по промотивни саемски цени и ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки. Овој одлично организиран настан е наменет за секој посетител како краен потрошувач, но и за козметичари и оние кои работат во оваа област.
Секоја девојка или жена која сака да набави професионални производи за домашна нега по големи саемски попусти ќе има исклучителна можност да го дополни својот арсенал со се она што и е потребно Водител и домаќин на настанот е познатата инфлуенсерка Миа Костова
На штандовите на саемот ќе има богата понуда, како: препаративна козметика за нега на кожа и за професионална и домашна употреба; препаративна козметика за нега на коса за професионална и домашна употреба; производи за нега на раце и стапала, педикир, маникир опрема за салони за убавина (козметички, фризерски, wellness и спа центри) Wellness производи, декоративна козметика, парфеми, фармацевтски производи, диететски суплементи, естетски ординации, дерматолошки ординации, школи и едукативни центри за нега и убавина. Дополнително, велат организаторите, ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.
Саемот ќе се отвори во петок во 18 часот кога се отвораат вратите за посетителите, а веќе во 20 часот е закажано официјалното отварање со богата програма. Влезниците се со цена од 200 денари, а можат да се набават на влезот на саем во х.Александар Палас или онлајн на купикартизасе. Организатори на саемот се Арт школа за убавина и магазинот Во бело.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата