logo
logo
logo

КАКВА МАЈКА, ТАКВА ЌЕРКА: Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад маж

Vecer | 01.09.2026

КАКВА МАЈКА, ТАКВА ЌЕРКА: Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад маж

Ќерката на Брижит Макрон, првата дама на Франција, започна врска со студент кој е 20 години помлад од неа, што потсетува на бракот на нејзината мајка со претседателот на државата, Емануел Макрон.

Тифен Озиер (42) објави видео на Инстаграм во кое ја покажува својата врска со 22-годишниот студент по деловни студии Антоан Леконт. Во снимката двојката прикажа моменти од своето патување во Амстердам.

Според пишувањето на француското списание „Гала“, двајцата се запознале во текот на летото во Ле Туке, крајбрежен град на францускиот Опален Брег.

Антоан Леконт, кој студира на деловната школа „Неома“, работел во тој град како инструктор по кајтсурфање и ја научил Тифен Озиер како да користи е-фоил, вид електрична даска за сурфање.

„Веднаш беше очигледно дека меѓу нив постои нешто. Имаат многу тоа заедничко: љубовта кон Ле Туке и кон возбудувањата, но и кон патувањата и претприемништвото“, изјави близок пријател на пасирокот на претседателот.

Нејзината врска со Антоан Леконт уследи откако во мај 2026 година ја заврши врската со Сирил Хануна, контроверзниот телевизиски водител во Франција.

Исто така беше објавено дека адвокатката и политичарка го запознала Леконт со своите две деца, 12-годишната Елиз и десетгодишниот Орел. Нивната врска исклучително потсетува на односот меѓу Брижит (73) и Емануел Макрон (48), меѓу кои има 25 години разлика.

И Макрон бил ученик кога ја запознал Брижит. Меѓутоа, за разлика од Леконт, Макрон тогаш имал само 15 години. Покрај тоа, бил ученик во приватното училиште „Ла Провиданс“ во Амјен, на северот од Франција, каде што таа предавала.

Таа тогаш исто така била 39-годишна мајка на три деца и била во брак со банкарот Андре-Луј Озиер кога ја започнале љубовната врска. Родителите на Макрон го отпишале од училиштето кога нивната врска излегла на видело.

Неговата мајка, Франсоаз Ног-Макрон, ѝ рекла на Ан Фулда, авторката на книгата „Емануел Макрон: Совршениот млад човек“:

„Едноставно не можевме да веруваме. Она што е јасно е дека, кога Емануел ја запозна Брижит, не можевме тукутака да кажеме: ‘Тоа е одлично’. Мене не ми беше важно тоа што имал врска со Брижит, туку тоа што беше жив и што немаше никакви проблеми“.

Таткото на Макрон, Жан-Мишел Макрон, во меѓувреме изјави дека „речиси паднал од столот“ кога ја слушнал веста.

Тифен Озиер имала само девет години кога започнала аферата меѓу Емануел и Брижит. Таа во 2018 година изјави:

„Беа прилично вљубени и тоа беше сосема очигледно меѓу нив и многу тешко“.

И покрај тоа, за нивната врска рече:

„Ако морам да дадам визија за љубовта, тоа се Емануел и мама. Кога се заедно, речиси е како светот да не постои“.

Додаде дека таа и нејзините брат и сестра, Себастијан и Лоранс, „страдале колку што е можно помалку“ кога нејзините родители се развеле во 2006 година.

Макрон и Брижит конечно се венчаа следната година, кога тој имаше 29, а таа 54 години. Кога стана очув на нејзините три возрасни деца, на свадбениот прием наводно им рекол: „Ви благодарам што нè прифативте, не баш нормална двојка“.

Андре-Луј Озиер почина во 2019 година, откри Тифен на крајот од 2020 година. Во октомври таа година изјави:

„Таткоми почина, го погребав на 24 декември 2019 година во најстрога приватност. Го обожавав, беше посебно битие, неконформист кој својата анонимност ја ценеше повеќе од сè. Тоа мора да се почитува“.

Брижит наводно е пресреќна поради новата врска на својата ќерка.

„Реагираше исто како што би реагирала секоја мајка. Сè што ѝ е важно е среќата на нејзината ќерка, така што е многу среќна што ја гледа како напредува. Ќе биде воодушевена да го запознае Антоан“, изјави анонимен извор близок до првата дама.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk