Во речиси петминутното видео за Скопје, меѓу другите, се презентирани снимки од тврдината Кале, плоштадот „Македонија“, Камениот мост, портата „Македонија“, Кривичниот суд, скопската чаршија, улицата „Македонија“ и Бит пазар.
Покрај од Скопје, објавени се и видео разгледници од Тирана, Сараево, Приштина, Белград и Подгорица.
Објавувањето на кусите видеа доаѓа во пресрет на утрешната неформална работна вечера на новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта со лидерите на земјите кандидати за членство од Западниот Балкан.
Како што соопшти Советот на ЕУ, пред вечерата за утре попладне се предвидени билатерални средби на Кошта со премиерот Христијан Мискоски, со неговите колеги од Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ.
За в среда претпладне, пак, се најавени билатерални средби на Кошта со претседателите на Косово и на Црна Гора, Вјоса Османи и Јаков Милатовиќ./MИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата