Ужас! УБИЛ ОКОЛУ 190 ДЕЦА, а ова е изречената казна

Vecer | 09.11.2026

Ужас! УБИЛ ОКОЛУ 190 ДЕЦА, а ова е изречената казна
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Судот во Кенија го осуди Пол Мекензи, озлогласениот лидер на верскиот култ кој проповедаше скорешен крај на светот, на вкупно 200 години затвор поради убиство на 191 лице, меѓу кои речиси сите жртви биле деца, јавува Би-Би-Си. 

Судот му изрече 100 години затвор за убиствата и дополнителни 100 години за кривични дела поврзани со организирано изгладнување. Заедно со Мекензи, за виновни беа прогласени уште 28 негови следбеници кои учествувале во зделот, кои добија затворски казни со времетраење и до 160 години.

Судијката Дијана Мочаче изјави дека Мекензи сноси главна одговорност бидејќи на своите следачи им наредувал да ги изгладнуваат сопствените деца до смрт за тие „побрзо да се сретнат со Исус“. Случајот ја потресе светската јавност уште во 2023 година, кога полицијата во шумата Шакахола, во близина на кенискиот брег, откри масовни гробници со повеќе од 400 тела. Истрагата покажа дека повеќето од жртвите умреле од глад, додека дел биле задушени или претепани до смрт бидејќи одбивале да го почитуваат фаталниот пост. Оние кои подлегнувале на гладот биле испраќани со славење, а нивните погреби биле цинично нарекувани „венчавки со Исус“.

Покрај тоа, истрагата изнесе на видело и сериозни пропусти во државниот систем, со оглед на тоа што полицијата и локалните власти со години ги игнорирале предупредувањата за екстремните активности на Мекензи, кој уште од 2003 година шири радикални тези за тоа дека образованието е зло, здравствената заштита е против верата, а дигиталните лични карти се „знак на ѓаволот“. Иако обвинителството бараше смртна казна, судот се одлучи за максимална затворска казна од два века, опишувајќи ги злосторствата како „ладнокрвни, пресметани и без каква било трага од каење кај обвинетите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk