logo
logo
logo

Ада има 108 години и ја открива тајната на долговечноста: Чувајте куче (ВИДЕО)

Vecer | 08.06.2023

Ада има 108 години и ја открива тајната на долговечноста: Чувајте куче (ВИДЕО)

На прашањето која е нејзината тајна на долговечноста, таа рече дека тоа е фактот што нема деца, туку кучиња.

Ада Даниел во младоста имала миленичиња песови. Денес таа живее во домот за стари лица во Коднор Парк во Коднор, каде што е сместена од 2015 година. Домот ги повикал сите заинтересирани да испратат 108 честитки до Ада. Не добила 108, туку 300 и сите ги отворила на роденденската забава во нејзина чест.

„На Ада не и останаа многу членови на семејството. Никогаш немаше деца и внуци, па сакавме да ѝ земеме што повеќе картички. Навистина сака луѓето да знаат за неа поради нејзината возраст. Имаше многу песови, живееше на Стрит Лејн во Рипли и сите нејзини кученца беа наречени Стрит Лејн. Таа дефинитивно е силен карактер. Еднаш ја прашав која е нејзината тајна и таа рече - да имаш кучиња, а не деца“, опишала Кели Гучер од домот во кој живее со Ада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk