logo
logo
logo

Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

Vecer | 21.08.2026

Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

Летните попусти на здравствени прегледи и дијагностички услуги во Клиника Жан Митрев се достапни до 31 август 2026 година. Акцијата опфаќа повеќе услуги од различни медицински области и има за цел да ја поттикне превентивната здравствена грижа.

Периодот по летните одмори е добра можност да се направат превентивни прегледи, особено затоа што голем број здравствени состојби можат да се откријат навреме, пред да предизвикаат посериозни симптоми. Редовните контроли се важен чекор кон зачувување на здравјето, а раната дијагноза значително ги зголемува можностите за успешно лекување.

Во овој период од годината особено се препорачуваат дерматолошките прегледи, бидејќи по неколкумесечната изложеност на сонце е важно стручно да се проценат бемките, пигментните промени и целокупната состојба на кожата. Воедно, високите температури дополнително го оптоваруваат кардиоваскуларниот систем, па кардиолошките прегледи се препорачуваат како дел од редовната контрола, особено кај лицата со покачен крвен притисок, срцеви заболувања или други ризик-фактори.

Покрај овие услуги, летната промотивна понуда опфаќа и лабораториски анализи, кои претставуваат добра основа за редовна здравствена контрола по годишните одмори, офталмолошки прегледи, магнетна резонанца, мамографски прегледи, како и бројни други специјалистички прегледи и дијагностички услуги. На овој начин, пациентите имаат можност на едно место да направат повеќе превентивни контроли и подготвени да ја започнат есента со поголема сигурност за своето здравје.

„Превенцијата не треба да се одложува. Голем број заболувања можат успешно да се лекуваат доколку се откријат навреме, поради што редовните здравствени контроли се важен дел од грижата за здравјето. Последните недели од летото се добра можност да се реализираат прегледите кои многумина ги планирале, но ги одложиле поради секојдневните обврски или годишните одмори“, велат од Клиника Жан Митрев.

Летните попусти важат до 31 август 2026 година, а термините може да се закажат преку контакт-центарот или онлајн. Повеќе информации за сите услуги опфатени со промотивната понуда се достапни на https://zmc.mk/letna-promocija-2026/.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk