logo
logo
logo

ЏАКУЗИ УБИ БРАЧЕН ПАР ВО ШПАНИЈА - Телата ги пронашле децата

Vecer | 02.09.2026

ЏАКУЗИ УБИ БРАЧЕН ПАР ВО ШПАНИЈА - Телата ги пронашле децата

Вистински кошмар и незапамтена трагедија го потресе ирското и шпанското општество, откако брачен пар од Ирска, 51-годишната Томасина Тобин и нејзиниот 48-годишен сопруг Патрик, беа пронајдени мртви во џакузи од изнајмена вила во познатото шпанско летовалиште Кулјера, во близина на Валенсија, пишува „The Independent“.

Нивните беживотни тела биле откриени од сопствените деца. Според првичните информации од истрагата, станува збор за бизарна несреќа поврзана со системот за водно вшмукување во џакузито.

Првичната хипотеза на истражителите е дека Патрик Тобин останал заробен под вода поради преголемиот негативен притисок од вшмукувачкиот вентил. Неговата сопруга Томасина ја изгубила битката за живот обидувајќи се да го ослободи. Извештаите на локалните медиуми наведуваат дека на нејзиното тело се видливи рани и расекотини кои укажуваат на жестока борба под вода, додека кај нејзиниот сопруг има изразени траги од моќно водно вшмукување.

Шпанската полиција го исклучи класичното давење како причина за смртта. Се претпоставува дека двајцата починале од срцев застој и прекин на дишењето како последица на екстремниот физички напор за време на морничавата борба за спасување. Од полициските извори нагласуваат дека истрагата е сè уште отворена додека не пристигнат конечните сознанија.

Томасина Тобин била успешна агентка за недвижности во Лондон. Нејзината матична компанија и колегите се простија од неа со емотивни пораки, опишувајќи ја како позитивна и секогаш насмеана личност која била голема поддршка во тимот.

Семејството го минувало одморот во Кулјера, гратче на 40-ина километри јужно од Валенсија. По морничавото откритие од страна на децата, тројца нивни роднини веднаш отпатувале во Шпанија за да преземат грижа за трауматизираните малолетници, додека ирското Министерство за надворешни работи веќе пружа комплетна конзуларна помош на семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk