logo
logo
logo

(Видео) ВОДАТА СТАНА ЦРВЕНА, СИТЕ БЕГАА - Мислеа дека е ајкула, но...

Vecer | 11.08.2026

(Видео) ВОДАТА СТАНА ЦРВЕНА, СИТЕ БЕГАА - Мислеа дека е ајкула, но...

Преплашени капачи панично бегаа од водата мислејќи дека пред нив се појавила ајкула, за дури подоцна да сфатат дека всушност се работи за огромна туна. Снимките кои се проширија од шпанската плажа Анкон на познатата „Златна милја“ во Марбеља прикажуваат огромна риба како силно се копрца во плитакот. Од далечина перката и движењето изгледале драматично, па дел од луѓето во паника пливале кон брегот, додека љубопитните џогери и капачи трчале кон водата за подобро да видат што се случува.

Убрзо се покажало дека станува збор за океанска туна тешка околу 300 килограми која беспомошно се борела да се врати кон отвореното море. Водата околу рибата брзо поцрвенила бидејќи таа крвавела од шкргите, најверојатно повредена од рибарска опрема или од судар со воден скутер. Поради тешките повреди, туната дезориентирано и панично се движела во планинскиот плитак. Кога присутните сфатиле дека рибата не претставува опасност туку дека е во неволја, дел од нив се обиделе да ѝ помогнат користејќи ги лежалките и столиците од плажата за да ја турнат кон подлабоката вода.

Реакциите на очевидците и на социјалните мрежи беа полни со шок и хумор. Камило Ороса од Марбеља изјави дека доколку бил во водата ќе умрел од страв, додека други коментираа дека сценариото потсетувало на култниот филм „Ајкула“ на Стивен Спилберг и дека фалела само познатата филмска музика за паниката да биде целосна. Британката Џејд Блумберг, која живее во Марбеља, влегла во водата за да провери дали рибата е заплеткана во мрежа, опишувајќи ја како прекрасно и величествено суштество кое претрпело огромна мака. Локалните жители истакнуваат дека туните се вообичаена појава во овој регион и дека често се случува луѓето погрешно да ги помешаат со делфини или ајкули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk