Епилог на еден злочин

Пред 40 години СИ ГО УБИЛЕ 4 ГОДИШНОТО ДЕТЕ - ДНК анализа ги откри родителите

Vecer | 19.11.2026

Пред 40 години СИ ГО УБИЛЕ 4 ГОДИШНОТО ДЕТЕ - ДНК анализа ги откри родителите
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Мајката на четиригодишното девојче кое беше брутално убиено во централна Франција, а чие тело беше пронајдено покрај автопат пред речиси 40 години, е осудена на 20 години затвор, додека таткото доби затворска казна од 15 години, пренесуваат француските медиуми. Поротниот суд на департманот Лоар-е-Шер во вторникот ја прогласи 72-годишната Халима Ел Бахти за виновна за „мачење и варварски постапки со смртен исход, без намера за убиство“, додека 74-годишниот Ахмед Тулуб е осуден за соучество. Безживотното тело на малата Инас Тулуб беше пронајдено на 11 август 1987 година покрај автопатот А10 кај местото Сиевр, со бројни траги од свирепо злоставување, вклучувајќи каснувања од човек, скршени коски и изгореници нанесени со пегла, јави Би-Би-Си.

Бидејќи нејзиниот идентитет остана непознат цели три децении, девојчето беше погребано во необележан гроб и во јавноста беше познато само како „Малата маченичка од автопатот А10“, а нејзината смрт покрена една од најголемите истраги во историјата на Франција со меѓународни потерници испратени во над 30 земји. Клучниот пресврт се случи дури во 2018 година, кога при анализа на ДНК на нејзиниот брат во рамки на сосема друг, неповрзан случај, беше откриено совпаѓање со нејзиниот биолошки материјал, што доведе до апсење на родителите. На судењето кое започна на 2 ноември, обвинителката Анаис Алио истакна дека „ниту еден дел од телото на Инас не бил поштеден“, опишувајќи ги обдукциските фотографии како неподносливи. Поротата сепак заклучила дека мајката во времето на злосторството имала намалена пресметливост, поради што не ѝ беше изречена максималната казна, а двајцата осудени, кои мирно и со наведнати глави го сослушаа читањето на пресудата, имаат рок од десет дена за поднесување жалба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk