БОГАТСТВОТО НА РОМАНОВИ ПРЕД КОЛЕКЦИОНЕРИТЕ: „Сотбис“ најавува голема аукција

Vecer | 10.11.2026

БОГАТСТВОТО НА РОМАНОВИ ПРЕД КОЛЕКЦИОНЕРИТЕ: „Сотбис“ најавува голема аукција
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Околу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство Романови, проценети на повеќе од 15 милиони долари, ќе бидат понудени на аукција на „Сотбис“ на 16 декември во Њујорк.

Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“ ќе им биде понуден на колекционерите и инвеститорите, пренесува ТАСС.

Колекцијата вклучува предмети од широк спектар периоди и категории – од ремек-дела на накитот создадени од Карл Фаберже, до слики, порцелан и сребрени предмети.

Многу од експонатите се изложени на големи изложби посветени на делото на Фаберже и руската уметност во водечките светски музеи и уметнички галерии.

Пред аукцијата, избрани ремек-дела ќе бидат прикажани пред јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk