logo
logo
logo

Принцот Ендру се повлече од „Ројал Лодџ“ по обвиненијата за поврзаност со Епстајн

Vecer | 04.02.2026

Принцот Ендру се повлече од „Ројал Лодџ“ по обвиненијата за поврзаност со Епстајн

Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор се иселил од кралската резиденција „Ројал Лодџ“, а полицијата ги разгледува тврдењата дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во 2010 година му испратил 20-годишно девојче на поранешниот војвода.

Според извори од вилата, Ендру моментално живее во куќата на имотот Сандринген во Норфолк, која се смета за привремен престој, додека во наредните месеци се очекуваат понатамошни чекори и конечни аранжмани, пренесува Скај њуз.

Бакингемската палата во октомври минатата година соопшти дека кралот започнал процес на одземање на Ендруовите ордени, титули и почести, откако обвиненијата поврзани со Епстајн почнаа да ја одвлекуваат вниманието од работата на кралското семејство.

Ендру повеќе од 20 години живееше во „Ројал Лодџ“, вила со 30 соби на имотот Виндзор, за која плаќаше номиналнан кирија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk