logo
logo
logo

Генерацијата З ги менува приоритетите – СЕКСОТ ПОВЕЌЕ НЕ Е НА ПРВО МЕСТО

Vecer | 15.02.2026

Генерацијата З ги менува приоритетите – СЕКСОТ ПОВЕЌЕ НЕ Е НА ПРВО МЕСТО

Генерацијата З, родена помеѓу 1997 и 2012 година, живее според сопствени правила, а се чини дека сексот не е високо на нивната листа на приоритети. Ново истражување открива дека повеќето млади попрво би избрале добар сон отколку ноќна забава во кревет, а поважни им се и работата, успехот и пријателствата.

Сонот и кариерата пред страста

Според истражувањето што го спроведе EduBirdie на 2.000 испитаници, дури 67% од припадниците на генерацијата З би избрале мирен сон наместо секс. Но, тоа не е сè. Истражувањето покажало и дека 64% од младите даваат предност на одржување стабилна работа, 59% се фокусирани на личен успех, половина внимание посветуваат на здрави пријателства, а 46% попрво избираат време за себе.

Сепак, оваа помлада генерација не е целосно срамежлива. Податоците покажуваат дека 37% од нив сексуално експериментирале, 29% имале секс на јавно место, а 23% испраќаат провокативни пораки за време на работното време.

Промислен пристап кон интимноста

Јулија Алексеенко, аналитичарка за популарна култура и медиуми во EduBirdie, истакнува дека постарите генерации не треба да ги осудуваат младите. „Генерацијата З расте во време на конзервативна реакција што следеше по ослободителните движења. Воведувањето на контрацепциската пилула, нормализацијата на лесните дроги и ‘летото на љубовта’ се далечно минато за нивното секојдневие“, објасни таа.

„Поттикнати се времето да го поминуваат на дигитални платформи и апликации, а не на физички локации. Затоа повеќе се фокусираат на она што им е лесно достапно, како Нетфликс и грижата за себе, што не мора да е лошо.“

„Податоците покажуваат дека генерацијата З ѝ пристапува на интимноста попромислено од постарите генерации: 82% инсистираат на разговор за границите пред интимност, а 92% без проблем кажуваат ‘не’ во кревет. Нема ништо лошо во тоа што не сакаат бесмислени искуства за кои подоцна би се каеле“, додаде Алексеенко.

Нереалните стандарди од социјалните мрежи како фактор

Иако младите имаат свои причини за помалку активен сексуален живот, податоците од Општото општествено истражување покажуваат дека минатата година секој трет маж и секоја петта жена во Америка не стапиле во сексуални односи. Експертите сметаат дека еден од главните виновници се социјалните мрежи.

Сексуалната невронаучничка д-р Дебра Сох во својата нова книга „Sextinction: The Decline of Sex and the Future of Intimacy“ пишува: „Идеализирањето на невозможно високи стандарди ги навело мажите да веруваат дека инфлуенсерки со милиони следбеници еден ден би можеле да им посветат внимание. Во исто време, жените се убедени дека треба да обрнуваат внимание само на мажи повисоки од 180 сантиметри и астрономски богати.“

Ситуацијата не ја олеснува ни тоа што многу млади жени се одлучуваат за целибат, бидејќи сметаат дека културата на врски за една ноќ оди во прилог исклучиво на мажите. „Не сакам да осудувам, но таквите минливи врски го уништуваат моментот кога конечно ќе ја пронајдете личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот. Ви го одземаат оној посебен, интимен доживеј што треба да го имате со таа личност“, изјави Мандана Заргами за The Post.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk