Возач на камион, македонски државјанин, го загуби животот во застрашувачка сообраќајна несреќа на автопатот Брегана – Загреб. Трагедијата се случила во близина на местото Среданци, кога возилото излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и удрило во столб од далновод, по што веднаш избувнал силен пожар.
Според полициски извори, возилото се запалило веднаш по ударот, а возачот останал заробен внатре и не успеал да се спаси. Несреќата била пријавена вчера нешто по 14 часот до Полициската управа Брод-Посавина. На терен излегле сите служби за итна помош, а во тек е детална истрага за да се утврдат прецизните причини кои довеле до излетувањето на камионот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата