logo
logo
logo

Рекорден интерес за помрачувањето на Сонцето на 12 август: ОПТИЧАРИТЕ ВО БЕЛГИЈА ОСТАНУВААТ БЕЗ ЗАЛИХИ

Vecer | 06.08.2026

Рекорден интерес за помрачувањето на Сонцето на 12 август: ОПТИЧАРИТЕ ВО БЕЛГИЈА ОСТАНУВААТ БЕЗ ЗАЛИХИ

Побарувачката за очила за набљудување на помрачувањето на Сонцето на 12 август во Белгија нагло порасна, а оптичарите предупредуваат дека залихите во повеќето продавници ќе бидат исцрпени до крајот на неделава.

Најголемиот снабдувач во Белгија, опсерваторијата „Уранија“, ја затвори својата онлајн продавница бидејќи повеќе не може навреме да ги обработи сите нарачки, додека во Јавната опсерваторија „Мира“ сите залихи се веќе распродадени, пренесе ВРТ.

„Сега или никогаш“

Преостанатите очила може да се најдат кај одделни оптичари, во јавните опсерватории, како и во некои супермаркети и аптеки.

„Сега или никогаш“, порача оптичарот Чарлс Брунинкс од белгиското здружение на оптичари АПООБ.

Според неговите зборови, интересот е значително поголем отколку за претходните помрачувања, делумно затоа што ова ќе биде најголемото од 1999 година, а се совпаѓа и со периодот на летните одмори.

Специјалистите предупредуваат дека помрачувањето смее да се набљудува исклучиво со помош на сертифицирани очила кои ја имаат ознаката CE и стандардот ISO 12312-2.

При купувањето преку интернет се советува дополнителен претпазливост, бидејќи на пазарот може да се најдат производи што не ги исполнуваат безбедносните стандарди.

„Не импровизирајте“

Офталмолозите нагласуваат дека директното гледање во Сонцето, дури и за време на заоѓањето или кога е делумно затскриено од облаци, може да предизвика трајно оштетување на мрежницата, па дури и слепило.

„Очила за сонце не се доволна заштита бидејќи пропуштаат штетно зрачење“, предупреди офталмолог Лизелот Артс. Стручњаците исто така советуваат да не се користат импровизирани средства како ЦД или ДВД дискови, бидејќи тие не ги штитат очите од опасното зрачење.

Како безбедна алтернатива може да послужат единствено маски за заварување или заштитни стакла со степен 14 или повисок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk