Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА ја започнува новата деценијa, би рекол новата етапа од своето постоење. На ова 11-то издание од фестивалот, кој оваа година е под мотото НА ПРВО СВЕТЛО, ја осветлуваме новата траса од патот кој го гради КИНЕНОВА, рече на денешната прес конференција директорот на МФФ Киненова, Небојша Јовановиќ.
Тој посочи дека фестивалскиот визуелен идентитет е широк концепт за доживувањето на филмската уметност, освестување на инстинктот за креирање, но и во една линија поддршка на оние кои почнуваат да ја истражуваат моќта на подвижните слики кои се нарекуваат седма уметност.
-Сведочиме и дел сме од свет кој е во кој меѓуетнички или меѓуверски драматични судири разговруваат на секој агол. Човештвото е на раб на голема глобална војна, и во таков свет постоењето на еден филмски фестивал добива сериозна одговорност и позив, да ја подигне свеста, да поттикне дијалог и преку силни филмски дела, и авторски ласови и пораки да отвори прашања и да придонесе кон будење и посилен разум. Следствено еден сериозен филмски фестивал поддржан со народни пари од сите нас може да е игра, како што е уметноста, но не може да е улична забава за одредена блиска група на луѓе или начин да се добие матерјална корист, влијание или себепромоција. КИНЕНОВА го докажа токму тоа. И покрај тоа што ја плаќаме цената на нашата независност, со тоа што ни стагнира поддршката од надлежната институција за фестивалот, сепак, поддршката за оваа наша мисија од филмски создавачи, уметноци од целиот свет, секојдневно се зголемува, а очекуваме наскоро таа да се материјализира и преку директна поддршка од странските фондови, подвлече Јовановиќ.
Информираше дека главната фестивалската програма на КИНЕНОВА, оваа година носи 6 исклучителни, врвни по многу нешта, дела на светската кинематографија, кои долго ќе предизвикуваат дискусии и прашања за особено актуелните приказни и теми кои ги обработуваат.
-Селекцијата како и секоја година не е работена тематски, но веројатно потсвесно, интуитивно, како што имлицира нашата визуелна креатива, откако се конципираше целата програма сватив дека во истата доминира еден уптилен женски, хуманистички поглед на светот, значи женски ракопис и следствено фокус на скоро сите видови на ранливи групи на луѓе. На програмата се: THREE WEEKS LATER на Мирослав Терзиќ, IN THE SHADOW на Салем Салавати, YESTERDAY THE EYE DIDN'T SLEEP на Ракан Мајаси, FANTASY на Кукла Кешеровиќ, KURAK на Ерке Џумакматова и THE SHOES OF MY FATHER на Христо Симеонов, информираше Јовановиќ.
Фестивалот свечено ќе биде отворен на 14-ти октомври, во киното Фросина во МКЦ со најновиот филм на Мирослав Терзиќ, познат на публиката на КИНЕНОВА по претходниот филм ШАВОВИ.
-Овој филм не е одбран ни малку случајно за почетокот на новата фестивалска приказна на МФФ КИНЕНОВА. Како што кажав фестивалот има непрекинат континуитет во ангажиран пристап кон филмската уметност и сметаме дека силно и директно треба да придонесеме во отворање на дијалог и дискусија за најактуелните и најериозни општествени проблеми кои ја оптеретуваат реалноста во нашата земја. За ова издание тематскиот фокус е насилството помеѓу младите. А филмот на Терзиќ со кој ќе биде отворен КИНЕНОВА, е моќна социјална драма, преку која режисерот прави сериозна и длабока психолошка деконструкција на српското општсетво кое е потонато во апатија и тешка корупција на свеста, чиви последици меѓудругото се и најранливите, оние кои треба да ја носат светлата иднина на едно општество, младите средношколци. И како што вели режисерот Терзиќ, од искуството при создавањето на овој по многу нешта значаен филм, кое било процес на преживување на траумите на младите кои ги играат филмовите: „Филмот не е за булинг, туку за насилството кое постанува секојдневен јазик на изразување младите луѓе“. Исклучително загрижувачко, заклучи Јовановиќ и ја најави соработката на фестивалот Киненова со Општина Кисела Вода преку работилницата за деца „Снимај паметно, остави трага“ под менторство на Марија Џиџева.
На прес конференцијата се обрати градоначалничката на Оштина Кисела Вода Бети Стаменкоска- Трајкоска, која изрази задоволство од соработката со фестивалот Киненова и посочи дека слоганот „На прво светло“ испраќа силна порака за нови идеи во културата, концепт што Општина Кисела Вода континуироано го претвора во реалност.
-Преку партнерство што го негуваме со Фестивалот и нашите кино сали ќе бидат местото каде ќе се одржува фестивалската програма, нашата Општина Кисела Вода директно придонесува за создавање услови за промоција на филмската уметност. Даваме конкретна поддршка на младите автори и ги доближуваме современите културни содржини до граѓаните. Тое не е само фраза туку наша стратегиска цел. Она што особено радува е фактот што по свеченото отворање на фестивалот во кино Фросина, фестивалската филмска програма се сели токму на наша територија, во општина Кисела Вода, рече градоначалничката Стаменкоска -Трајкоска и посочи дека денес во општината успешно функционираат две кино сали -во Кисела Вода и во Домот на културата во Драчево, кое е отворено пред неколку месеци.
Ова, истака градоначалничката Стаменкоста -Трајкоска, ни овозможува да направиме вистинска децентрализација и ширење на уметноста, а нашите жители добиваат ексклузивна можност да проследат врвни културни настани во своето непосредно опкружување.
-Самиот квалитет и високиот ранг на фестивалот Киненова се потврдува со даоаѓњето на светскиот лауреат Емин Алпер, кој во зенитот на својата слава ќе биде гостина на годинешното издание. Тоа е огромна чест за самиот фесивал, но и за градот Скопје и ни дава дополнителен мотив да бидеме горди поддржувачи на ваков настан, истакна Стаменкоска -Трајкоска и ја посочи грижата за најмладите преку поддршката на работилницата за деца во која учествуваат ученици избрани на јавен повик од Општината Кисела Вода.
Работилниците ќе се одржат на 5, 6 и 7 октомври под менторство на режисерката Марија Џиџева. Преку оваа иницијатива младите ќе имаат можноста да ја развиваат својата креатива, да се запознаваат со филмот како медиум за изразување и своите идеи да ги претвораат во кратки филмски приказни.
-Со вложување во културата и во младите создаваме простор за нови идеи, нови автори и нови културни вредности. Културата е инвестиција во иднината и Општина Кисела Вода ќе продолжи да биде нејзин силен поддржувач, рече Стаменкоска-Трајкоска.

Менторката Марија Џиџева рече дека секогаш е нов предизвик да се креира и осмисли работилница за многу чувствителни теми, како што е врсничко насилство, булинг, сајбербулинг...
-Децата од основно училиште, популарно се Алфа генерација, кои се родени со мобилните телефони и токму тие придонесуваат за зголемување на насилството меѓу младите. Тие преку краткти филмски лекции за историја на филм, првите филмови, основи на филмскиот јазик, како да раскажеме филмска приказна, сценарио, снимање, монтажа... ќе се работи тимски да се создадат неколку филмови кои потоа ќе бидат прикажани на фестивалот Киненова. Идејата е од нивен аспект да ги видиме проблемите и многу ми е драго што и фестивалот и општината ја препознаа оваа тема како важна и се реагира уште во најрана возраст. Ние како возрасни не знаеме што се случува, а преку нивната точка на гледање ќе ги откриеме нивните светови, рече Џиџева.
-На 11. издание на ИФФ Киненова ќе имаме референтни автори и искрени филмски стории, моќни и гласни, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на Фестивалот.
- Секој фестивалски тим и организаторите и селекторите се обидуваат да допрат до нова публика со своите програми. Наградените филмови на големите познати фестивали привлекуваат публика, секаде, но како да се предизвика публиката да го види филмот на младиот, или новиот автор кој штотуку зачекорил во земјата на „чудата“? Ние овде не создадовме доволно критична база за категоризација на фестивалите. Дигиталните платформи ја преземаат улогата на киносалите, само затаоа што киномрежата во Македонија и ја нема, стратегија за визуелна филмска, сензација а воедно и едукација не постои. Можеби само на хартија. Но, во реалноста, во кино се оди само ако има добар акциски филм или некој блокбастер, однапред долго и осмислно маркетиншки промовиран, рече Теодосиевска.
Таа посочи дека „Киненова“ излегува од формалната македонска фестивалска шема и макотрпно се избори за своето место на Европската и меѓународната фестивалска мапа на фестивали на новиот авторски филм.
-Иако, за жал, со многу скромни средства, што значи повеќе потценет отколку вистински валоризиран Годинешниов буџет на фестивалот е понижувачки за сите нас кои со години сме дел од организатотите и промоторите на вистинските филмски вредности. За разлика од неколкуте фестивали кои добија неверојатни и според мое мислење незаслужено високи буџети, а кои со години понудија ред филмови, два реда забава, со ликови кои никогаш и не биле на филмски сет, а камо ли да присуствуваат во некој од продукциските или постпродукциските процеси во создавањето на еден филм, само Киненова ги доби истите средства како и минатата година, а е единствениот фестивал во Македонија што е посветен на младите смели автори кои не се плашат да ги отворат најгорливите и најтешките прашања, или пак да ги дадат најнеочекуваните одговори преку нивниот филмски јазик. Нивните наративи не поттикнаа годинава да ја дочекаме филмската селекција на еден од двата најреферентни фестивали на краткиот метар во Европа, Филмскиот фестивал во Драма, Грција со ИФФ Драма патува на Киненова, со шест кратки филма. Инаку следната година овој фестивал слави половина век од своето основање, а Киненова има намера нашата соработка да се одвива континуирано и во иднина. Овој фестоивал последниве десетина години преку строги правила и висококвалитетна програма, ги доби лиценците за директна квалификации на филмовите од главната компетиција за Европските филмски награди, за Оскар и годинава и за Бафта наградите. Така се работи кога имате поддршка од градот, граѓаните, соодветните државни и владини иституции и високо профилирани организатори и професионални познавачи на филмската продукција и филмската уметност. Не сакам да потсетувам што се ние имаме, а реално што се немаме, подвлече Теодосиевска.
Теодосиевска информираше дека Земја во фокус е Албанија.
-Ќе ги имаме фимовите „Засолниште меѓу облаците“ на Роберт Будина, „Напуштајќи го рајот“ на Генц Пермети и „Танцувајќи со облаците“ на Плутон Васи. Имаме селекција на шест кратки филмови во меѓународната селекција. Во чест на нашиот лауреат Емин Алпер, на публиката и го носиме неговиот прв дебитантски долгометражен игран филм „Зад ридот“, кој во 2012 година ги доби наградите Special mention за најдобар дебитантски филм и Калигари филмската награда на независното жири на 62. Берлинале, а потоа ги доби наградите на Азија пацифик скрин, Специјалната награда на жирото во Сараево, на фестивалите во Карлови Вари, Таипеи, Палиќ итн. Емин Алпер ни доаѓа заедно со неговиот долгогодишен соработник монтажерот Озкан Вардар, заврши Теодосиевска.
Фестивалот Киненова е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и од Општината Кисела Вода.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата