logo
logo
logo

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА МЕСЕЧИНАТА! Огромна магнетна карпа ги збуни научниците

Vecer | 01.10.2026

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА МЕСЕЧИНАТА! Огромна магнетна карпа ги збуни научниците

Научниците открија огромна магнетизирана карпеста структура длабоко под површината на далечната страна на Месечината, што обезбедува нови докази дека нашиот природен сателит пред повеќе од четири милијарди години имал сопствено магнетно поле.

Според студијата објавена во „Science Advances“, станува збор за древен вулкански комплекс широк околу 60 и дебел околу 9 километри. Карпата настанала пред околу 4,2 милијарди години, а се магнетизирала додека магмата од внатрешноста се ладела. Проценките покажуваат дека древното месечево поле имало сила од една петтина до една третина од денешното Земјино поле.

Решавање на дебата стара со децении

Прашањето дали Месечината некогаш имала магнетни штит ја дели научната јавност уште од мисиите „Аполо“ во 1970-тите. За разлика од претходните истражувања кои се потпираа на физички примероци чиј магнетен запис можел да биде оштетен, новиот тим комбинирал орбитални гравитациски и магнетни податоци од повеќе меѓународни мисии.

Истражувањето откри и поврзаност помеѓу овие магнетни аномалии и месечевите „вртлози“ – посветли површински области кои, според хипотезите, би можеле да послужат како природна заштита од сончевиот ветер, што би било од голема корист за идните човечки мисии како „Артемида“.

Иако ова откритие не ја затвора дебата за тоа колку долго точно опстојувало лунарното динамо, научниците се надеваат дека новите податоци од идните вселенски мисии ќе помогнат да се разбере еволуцијата не само на Месечината, туку и на другите карпести тела во Сончевиот систем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk