За околу 2.900 спортисти на ЗОИ 2026 беа обезбедени 10.000 кондоми, што е нешто повеќе од три по лице, пренесе „BFM“.
Тоа е повеќекратно помалку отколку на претходните Олимписки игри: во Рио 2016 беа поделени 450.000 кондоми – 42 по спортист, додека во Париз 2024 имало повеќе од 200.000, во Токио 2021 – 160.000, а во Пјонгчанг 2018 – 110.000.
Организаторите наведуваат дека недостигот не е „последица на зголемен сексуален апетит на спортистите, туку на мали почетни залихи“.
Обновување на залихите на кондоми е ветено, но без точно одреден датум.
Традицијата на обезбедување бесплатни кондоми за спортистите постои од Олимписките игри во Сеул 1988 година, а целта е да се овозможи безбеден сексуален однос за време на престојот во олимпиското село.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата