logo
logo
logo

ДАЛИ ОВА Е ПУТИНОВИОТ ЧЕРНОБИЛ? Русија тврди дека е се под конрола

Vecer | 07.10.2026

ДАЛИ ОВА Е ПУТИНОВИОТ ЧЕРНОБИЛ? Русија тврди дека е се под конрола

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја повика Русија итно и транспарентно да ги објави сите детали за мистериозната смрт на 28-годишната лабораториска техничарка Дарија Шипилова во Сибир, порачувајќи дека САД ја следат ситуацијата „многу детално и од час во час“. Случајот предизвика глобална загриженост поради контрадикторните извештаи, карантинот за десетици лица и споредбите кои западните аналитичари ги прават со заташкувањата од времето на Чернобил.

Шипилова се разболе кон крајот на септември, откако според неофицијални наводи на руски медиуми, скршила епрувета со бактеријата Yersinia pestis, предизвикувачот на чумата, во Иркутскиот институт за истражување. Таа била хоспитализирана на 29 септември, а почина на 2 октомври во Шелехов под сомнителни околности. Иако руската служба „Роспотребнадзор“ категорично демантира дека имало лабораториски инцидент и тврди дека пациентката починала од „воспаление на белите дробови со непознато потекло“, збунетоста во јавноста е максимална поради спротивставените изјави на локалните гувернери, од кои едниот отворено ја спомна опасната инфекција.

Трамп најавува разговор со Путин, соседите во паника

Ситуацијата веќе го привлече вниманието и на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека наскоро ќе оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека детални информации од разузнавачките служби се очекуваат многу наскоро.

– На Русија е да сподели повеќе информации со светот. САД имаат капацитети да помогнат доколку ситуацијата е сериозна, истакна Рубио на Исланд.

Поради хаосот во комуникацијата и недостигот од цврсти докази и дијагностички извештаи од Москва, соседните земји веќе презедоа мерки. Казахстан ги засили санитарните граници, а Киргистан ја зголеми граничната приправност. Иако експертите нагласуваат дека нема цврсти докази за избивање епидемија на чума, начинот на кој руските власти управуваат со информациите повторно ги разгоре светските сомнежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk