САЈБЕР-ШОК ВО САД: ЦИА под хакерски напад – што е компромитирано?

Vecer | 25.11.2026

САЈБЕР-ШОК ВО САД: ЦИА под хакерски напад – што е компромитирано?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање биле цел на хакери кои успеале да ја пробијат во сајбер-безбедноста, при што биле изложени дел од некласифицирани информации, пренесуваат медиуми.

Нападите ја зафатија мрежата наменета за прибирање разузнавачки податоци од јавно достапни, некласифицирани материјали.

Не е сосема јасно кои точно некласифицирани информации се компромитирани, но според „Њујорк тајмс“, со овој пробив веројатно се изложени и податоци од други владини агенции.

Од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање изјавија дека „немало нарушувања на критичните капацитети или на класифицираните системи“.

Канцеларијата на директорот на националното разузнавање потврди за „Ројтерс“ дека немало прекин во функционирањето на критичните системи или на системите што содржат доверливи информации.

Извор запознаен со случајот изјави за „Асошиејтед прес“ дека нападот не опфатил доверливи информации и дека безбедносниот пропуст е решен.

Сè уште не се знае кој стои зад хакерскиот напад.

Оваа вест доаѓа по низа технички дефекти и инциденти поврзани со сајбер-безбедноста, вклучително и пријавен пробив во Министерството за земјоделство на САД.

Неодамна беа обелоденети и два одделни пробиви во ФБИ, додека Пентагон и Министерството за внатрешна безбедност, исто така, беа погодени од неодамнешни сајбер-инциденти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk