ШОК ВО ГРАДИНКАТА - Фрлиле череп меѓу децата!

Vecer | 25.11.2026

ШОК ВО ГРАДИНКАТА - Фрлиле череп меѓу децата!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Германската полиција денеска започнала потрага по две лица кои, според снимките од надзорните камери, фрлиле череп преку оградата во дворот на една градинка во градот Рис, во Западна Германија, каде што подоцна го пронашле деца. Постои сомнеж дека станува збор за човечки останки.

Децата најпрво помислиле дека станува збор за задоцнета шега по повод Ноќта на вештерките, но полицијата го презела черепот и го испратила на испитување во Дуизбург, објави „Танјуг“.

Според информациите од полицијата, две лица биле снимени од надзорните камери како фрлаат череп преку оградата на градинката.

Засега не е познато од каде потекнува черепот, ниту зошто бил оставен во установа наменета за деца.

Портпаролот на полицијата изјавил дека постои можност да станува збор за череп на војник загинат за време на Втората светска војна, кога во тој град се воделе интензивни борби.

Човечки скелетни останки повремено се пронаоѓаат во ова подрачје за време на градежни и други земјени работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk