Ако сакате да направите освежителен колач без премногу мака, коцките со лимон се идеален избор.
Имаат густа, влажна текстура слична на американско брауни, но наместо какао, главната улога ја играат свежо исцеден сок од лимон и рендана нелупена кора од лимон.
Препорачуваме колачот да го испечете во квадратен калап за брауни, за да добиете вистински коцки.
Состојки:
• 125 г обично брашно
• 115 г путер на собна температура
• 65 г бел шеќер
• 30 г шеќер во прав + дополнително за посипување
• 2 големи јајца (на собна температура)
• 1 лимон
• 1 лажичка екстракт од ванила
• ½ лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Во голем сад, измешајте го путерот, јајцата, сокот од еден лимон, белиот шеќер, 30 г шеќер во прав и екстрактот од ванила.
Измешајте го брашното со прашокот за пециво, а потоа постепено додавајте го во смесата. Мешајте рачно додека не добиете мазна маса без грутки.
Додадете малку рендана кора од лимон за дополнителен вкус на цитрус.
Префрлете ја смесата во квадратен калап обложен со хартија за печење.
Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20 минути, или додека чепкалка за заби забодена во центарот не излезе сува.
Оставете го колачот целосно да се олади, а потоа наросете го со шеќер во прав и исечете го на коцки.
Уживајте!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата