Денеска се слави Цветници, што значи дека по втор пат за време на велигденскиот пост е дозволено да се јаде риба.
Ако сакате брз и во исто време вкусен ручек – на вистинското место сте! Ви пренесуваме рецепт за пастрмка печена во рерна, толку сочна што следниот пат ќе бидете желни да ја направите.
Состојки:
• три пастрмки / 1 кг
• неколку стебленца магдонос
• две чешниња лук
• два лимони
• две лажички сол
• две лажици маслиново масло
• зачин за риби
Подготовка:
Прво, подгответе ја маринадата. Исечкајте ги магдоносот и лукот. Ставете ги во сад, а потоа додадете го сокот од лимон од еден лимон и оцетот.
Исчистете ја рибата, ако веќе не сте ја купиле исчистена. Зачинете ја со зачини за риба, од двете страни, и сол. Прелијте ја со маринадата.
Пастрмката секогаш се пече во рерна за да не биде сува. Ќе добиете крцкава кора, а сочна внатрешност.
Додадете парчиња лимон и ставете ги помеѓу рибата. Печете 40 минути на 200 степени. Послужете со салата од компири. Уживајте!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата