Поради неисплатена помош: Мартовска плата не добиле 54.662 граѓани

Vecer | 20.04.2021

Поради неисплатена помош: Мартовска плата не добиле 54.662 граѓани
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска откри дека 54.662 работници се уште не ја добиле мартовската плата, најмногу поради неисплатената помош од петтиот економски пакет кој беше заглавен во Собранието.

- До законски предвидениот род до 15 април бруто плата не исплатиле 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица, рече Лукаревска.

За разлика од март, февруарската плата не ја исплатиле 3.774 работодавачи за 9.947 работници.

Од денеска во УЈП започнува аплицирањето за државната помош за исплата на платите за февруари и март, откако законите беа изгласани во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk