logo
logo
logo

Мицкоски: Растот на БДП продолжува, очекувам да се движи меѓу 3.5 до 4 отсто

Vecer | 02.09.2026

Мицкоски: Растот на БДП продолжува, очекувам да се движи меѓу 3.5 до 4 отсто

Растот на индустриското производство во вториот квартал од околу 3,4 проценти е позитивен сигнал за состојбата во македонската економија, оцени премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, според кого податоците покажуваат дека состојбата е стабилизирана.

„Индустриското производство во овие услови е исклучително значаен податок и неговиот раст, посебно во вториот квартал кој што е над 3%, мислам дека е некаде околу 3,4%, но уште повеќе радува фактот што преработувачката индустрија расте“, вели Мицкоски.

Според премиерот овие показатели укажуваат оти по период од околу 24 до 26 месеци од мандатот на актуелната Влада, состојбата конечно е стабилизирана и дека во следниот период треба да продолжи развојот и растот.

„Овие индикатори се први индикатори коишто велат дека после овие 24, 25-26 месеци од оваа Влада конечно стигнуваат позитивни вести, односно да се изразам попрецизно, конечно е стабилизирана состојбата која што ќе треба да продолжиме да ја развиваме и да ја растеме“, додаде премиерот.

Неговите очекувања се да позитивниот тренд на раст продолжи и во периодот што следи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk