logo
logo
logo

Јавните набавки во земјава со низа слабости: Укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите

Vecer | 27.12.2021

Јавните набавки во земјава со низа слабости: Укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите

Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите,  соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) кој денеска го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година. Според наодите од Извештајот, во првото полугодие од 2021, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра и тие слабости, како што наведува ЦГК,  се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.
– Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 отсто од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите, информира ЦГП.
Посочувајќи ги клучните наоди од Извештајот, ЦГП соопшти дека постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата.
– На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда. Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 проценти, соопшти Центарот за граѓански комуникации.
 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk