logo
logo
logo

КОЈ ЛЕТАЛ СО ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ, ќе раскажува. Се очекува зголемување на цените

Vecer | 04.09.2026

КОЈ ЛЕТАЛ СО ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ, ќе раскажува. Се очекува зголемување на цените

Револуијата со евтини билети за лет со комерцијални авиони е загрозена повеќе од било кога порано. Се најавува поскапување на билетите што ќе влијае на милиони потенцијални патници.

Од компанијата истакнуваат дека керозинот моментално се продава за околу 140 долари за барел, додека цената на суровата нафта од типот „Брент“ во еден момент достигна 97,04 долари за барел поради обновените тензии меѓу САД и Иран и стравувањата од прекини во снабдувањето.

„Рајанер“ предупредува дека превозниците кои имаат помало ниво на финансиска заштита (хеџирање) од растот на цените на горивата ќе бидат под голем притисок да го намалат капацитетот, а некои од нив можеби нема ни да ја преживеат претстојната зимска сезона, објавува „Гардијан“. Ирската авиокомпанија е во значително подобра позиција бидејќи однапред има заштитено (хеџирано) 80% од своите потреби за млазно гориво по цена од 67 долари за барел.

Затоа, авиокомпанијата очекува уште една профитабилна година, иако се проценува дека профитот по оданочувањето ќе биде помал од рекордниот резултат остварен минатата година. Превозникот со седиште во Даблин прогнозира дека ќе ја заврши летната сезона со околу 145 милиони патници, што е за над пет проценти повеќе во споредба со минатогодишните 138 милиони.

Сепак, „Рајанер“ ја намали својата цел за вкупниот број патници во финансиската година која завршува во март 2027 година — од 216 милиони на 214 милиони патници. Целта на овој чекор е да се намали изложеноста на високите цени на горивата во текот на зимската сезона, кога побарувачката во авиоиндустријата е традиционално послаба.

Кратењето на зимскиот распоред на летови, според проценките на менаџментот, треба да ги намали планираните зимски загуби за 70 до 100 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk