logo
logo
logo

Хаварија на гигантот: ФОЛКСВАГЕН ЌЕ ГИ ЗАМРЗНЕ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ДО 2030-та ГОДИНА

Vecer | 21.10.2026

Хаварија на гигантот: ФОЛКСВАГЕН ЌЕ ГИ ЗАМРЗНЕ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ДО 2030-та ГОДИНА

Менаџментот на германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ разгледува план за целосно замрзнување на платите за своите 600.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, како дел од нов циклус мерки за намалување на трошоците и закрепнување.

Тоа значи дека никој од фирмата не може да очекува покачување на платите најманку во наредните три гофини!

Според интерните документи наменети за врвниот менаџмент на „Фолксваген“, повеќегодишната нулта стапка на раст на платите би вклучила и околу 130.000 работници во Германија опфатени со посебен колективен договор, кои привремено се откажаа од договореното зголемување на платите од 5,5 проценти во 2024 година, објави „Зидојче цајтунг“.

Економските експерти предупредуваат дека замрзнувањето на платите, заедно со очекуваната просечна инфлација од околу три проценти годишно, би довело до пад на реалните приходи на вработените во Германија за најмалку 10 проценти во наредниот период.

Претставниците на „Фолксваген“ одбија официјално да коментираат за овие обвинувања, нагласувајќи само дека процесот на преговори е во тек и дека претстојната рунда разговори со синдикатите е вистинското место за интерни договори, објавува „Шпигел“.

Германскиот производител на автомобили е под голем финансиски притисок поради американските царини, послабите деловни резултати на неговите компании Ауди и Порше, драстичниот пад на продажбата на клучниот кинески пазар, како и екстремно високите трошоци за премин кон производство на електрични возила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk