logo
logo
logo

СЕ ЗНАЕ И КАДЕ - Иран и Турција создаваат слободна трговска зона

Vecer | 30.08.2026

СЕ ЗНАЕ И КАДЕ - Иран и Турција создаваат слободна трговска зона

Иран и Турција планираат да основаат слободна трговска зона во западната иранска покраина Хој, потврди во недела иранската новинска агенција ИРНА.

Планот го презентираше секретарот на Врховниот совет за слободни трговски зони на Иран, Хосеин Форузан, кој вчера ја посети оваа покраина.

Тој го истакна значајниот економски и сообраќаен потенцијал на Хој и потврди дека рамката за основање слободна трговска зона веќе е во правна процедура по добивањето на одобрението од иранската влада, пренесува Баха.

Форузан ја нагласи важноста на билатералните односи со Турција, наведувајќи дека рамката ќе биде потврдена со меморандум за разбирање.

Тој, исто така, истакна дека развојот на придружна инфраструктура во оваа област е од клучно значење за проширување на трговската активност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk