logo
logo
logo

Пет милиони долари за развој на проектот за АНТИМОН КАЈ КРИВА ПАЛАНКА

Vecer | 19.09.2026

Пет милиони долари за развој на проектот за АНТИМОН КАЈ КРИВА ПАЛАНКА

Проектот за антимон во Крстов Дол, во близина на селото Луке кај Крива Паланка, ќе добие грант од пет милиони долари за понатамошен развој, најави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон.

Мицкоски го издвои проектот како една од првите конкретни иницијативи во рамките на продлабоченото стратешко партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

– Таму се присутни со грант од пет милиони долари за развој на проектот во Крстов Дол, во местото Луке, Кривопаланечко, но тоа е само почеток – изјави премиерот.

Според него, американската администрација во Македонија гледа близок пријател и важен партнер во регионот и во Европа, а интересот за инвестирање во земјава е голем.

Премиерот посочи дека за време на посетата на Вашингтон разговарал со претставници на Американската финансиска корпорација за развој – ДФЦ, која располага со финансиско портфолио од околу 200 милијарди долари.

Покрај проектот за антимон, предмет на разговорите биле и можностите за финансирање на „Чебрен“ и „Галиште“, како и други инфраструктурни, енергетски и приватни инвестиции од САД во Македонија.

Мицкоски очекува од стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави во следните години да произлезат повеќе капитални проекти со долгорочно значење за македонската економија.

Најавениот грант се однесува на развој на проектот за антимон, а не на целосно финансирање на отворањето и работата на рудникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk