Бидете дел од конференцијата која ги носи германските и регионалните експерти за контролинг во Скопј

Vecer | 24.09.2026

Бидете дел од конференцијата која ги носи германските и регионалните експерти за контролинг во Скопј
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Какви компетенции ќе им бидат потребни на контролерите во ерата на вештачката интелигенција, како технологијата ги менува финансиските функции и на кој начин компаниите можат подобро да ги претворат податоците во деловни одлуки? Овие прашања ќе бидат разработувани на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, која ќе се одржи на 30 септември во Скопје.

Под наслов „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и преквалификација“, конференцијата ќе отвори прашања за примената на технологијата, управувањето со ризиците и развојот на вештините на контролерите. Програмата опфаќа две стручни предавања, три панел-дискусии и време за разговор и поврзување со говорниците и учесниците.

Проф. д-р Мајк Шулце од CBS International Business School во Мајнц ќе го одржи предавањето „Иднината на контролингот: компетенции што го движат деловниот успех“. Во интервју за германскиот FINANCE, Шулце ги издвојува комуникацијата, критичкото размислување, приспособливоста и етичкото расудување како сѐ поважни вештини со растечката улога на податоците, автоматизацијата и вештачката интелигенција во финансиите.

Со воведно обраќање ќе учествува и проф. д-р Роналд Глајх, академски директор на Centre for Performance Management & Controlling при Frankfurt School of Finance & Management. Проф. д-р Иван Шверко од PBZ Invest, Хрватска, ќе одржи предавање за управувањето со ризиците во функција на контролинг-професиите во 2027 година.

Панелот „Сметководство, контролинг и технологија во 2027 година“ ќе ги обедини Весна Прентоска од ИСОС, Михајло Борозанов од Макпетрол, Диме Галапчев од FinqUP, Анета Антова-Пешева од УЛТРА и Александар Николов од УЈП. Разговорот ќе го модерира Драган Илиевски од Fila Group.

На панелот „Контролинг во банкарството и осигурувањето“ ќе учествуваат д-р Беркан Имери од Халкбанк, проф. д-р Горан Василев од Динерс клуб Македонија, проф. д-р Иван Шверко од PBZ Invest и д-р Мирјана Трајановска од Стопанска банка АД Скопје. Модератор ќе биде Владимир Давчев од Халкбанк.

Искуствата од производствениот сектор ќе ги претстават Ѓорѓи Тренкоски и Дарко Котевски од Kromberg & Schubert и Панда Грозданова Јанева од KOSTAL на панелот „Контролинг во фабриките“. Панелот ќе го модерира проф. д-р Синиша Наумоски, генерален менаџер на Хајделберг Факултет во Скопје.

Конференцијата се реализира во партнерство со Стопанската комора на Северна Македонија, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија – AHK, АБИТ – Академијата за банкарство и информатичка технологија, Centre for Performance Management & Controlling при Frankfurt School of Finance & Management и Институтот на сметководители и овластени сметководители – ИСОС. Во соработката се вклучени и други стопански комори, меѓу кои Стопанската комора на Северозападна Македонија.

На отворањето ќе се обратат проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Управниот одбор на Хајделберг Факултет во Скопје, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, проф. д-р Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии, Елена Петрова, директорка на УЈП, Весна Прентоска, претседателка на ИСОС, и претставник на AHK.

Настанот ќе се одржи од 09:30 до 16:00 часот во просториите на Хајделберг факултет во Скопје.

Пријавувањето е отворено до 29 септември 2026 година, а бројот на места е ограничен. За информации и пријавување, погледнете ја целосната програма: 7-ма Германско-македонска конференција за контролинг

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk