ЗАЛОВЕНИ 96 ГОВЕДА ВО КРИВА ПАЛАНКА, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

Vecer | 18.11.2026

ЗАЛОВЕНИ 96 ГОВЕДА ВО КРИВА ПАЛАНКА, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега залови 96 говеда во Крива Паланка. Како што потврди за МИА, се работи на изнаоѓање соодветно одржливо решение за решавање на проблемот, во координација и соработката со сите надлежни институции, вклучително и локалната самоуправа.

Проблем се непристапниот терен, но и опструкциите од поранешните сопственици на кравите.

– АХВ спроведува активности за решавање на проблемот со говедата, односно нивно заловување и покрај предизвиците со кои се соочува – непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици. Се работи на изнаоѓање соодветно одржливо решение за решавање на овој проблем со координација и соработката со сите надлежни институции, вклучително и со локалната самоуправа, со цел заедничко преземање соодветни активности и изнаоѓање решение во рамки на законските надлежности на секоја институција, водејќи сметка за заштитата на здравјето на луѓето и благосостојбата на животните, истакнуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски завчера побара од Владата и АХВ да најдат законска можност за решавање на проблемот со добитокот. Посочи дека граѓаните предолго трпат материјални штети, а правосилните и извршни решенија за одземање на животните, што постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. Митовски денеска, заедно со сограѓаните, поднесе неколку кривични пријави поради, како што наведе, сомневања за злоупотреба на службената положба, неспроведување на правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот и загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните.

– Бараме да се испита одговорноста на надлежните службени лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот. Поднесовме и претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, како и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат поради неспроведувањето на решенијата, напиша градоначалникот на својот фејсбук-профил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk