Според индексот на Блумберг за 2025 година, 25-те најбогати семејства го зголемиле своето богатство за речиси 360 милијарди долари за само една година, а вкупната вредност на нивните империи достигнала огромни 2,9 трилиони долари.
На самиот врв - сè уште неоспорен - е семејството Волтон, основачи на најголемиот синџир супермаркети во светот - Волмарт.
Влегувањето на листата никогаш не било поскапо - минималното богатство за првите 25 сега е 46,4 милијарди долари, речиси 10 милијарди долари повеќе од минатата година.
5 најбогати семејства во светот
1. Волтон (САД) - 513,4 милијарди долари
Семејството основачи на Волмарт за прв пат ја премина границата од половина милијарда долари. Волмарт е најголемиот малопродажен синџир во светот, со повеќе од 10.750 продавници и годишни приходи од 681 милијарда долари. Волтонови контролираат околу 44% од компанијата.
Интересен факт: Волмарт им служи на околу 270 милиони клиенти низ целиот свет секој работен ден.
2. Ал Нахјан (ОАЕ) – 335,9 милијарди долари
3. Ал Сауд (Саудиска Арабија) – 213,6 милијарди долари
Саудиското кралско семејство, со околу 15.000 членови, ја должи својата моќ на огромните резерви на нафта и контролата врз владините договори. Државниот фонд ПИФ има средства од повеќе од 1.000 милијарди долари.
4. Ал Тани (Катар) – 199,5 милијарди долари
Семејството кое го води Катар од 19 век. Вистинскиот скок на богатството се случи благодарение на експлоатацијата на природниот гас, што ја катапултираше оваа мала земја меѓу најбогатите во светот по глава на жител.
5. Хермес (Франција) – 184,5 милијарди долари
Семејната луксузна империја зад легендарниот моден бренд Хермес. Биркин чантите, симбол на екстремен луксуз, достигнуваат цени и до неколку стотици илјади долари на аукциите.
Нов тренд: суровини, луксуз и технологија
Четири семејства за прв пат влегоа во првите 25:
- Лареа Мота Веласко (Мексико) – бакар
- Лукшиќ (Чиле) – бакар и индустрија
- Дел Векио (Италија) – Есилор Луксотикс и очила со вештачка интелигенција
- Олајан (Саудиска Арабија) – глобални финансии и недвижности
Заеднички именител: контрола на клучни ресурси или глобални брендови, со силна врска со финансиските пазари.
Индексот на Блумберг јасно покажува дека глобалното богатство не се расфрла - тоа станува сè поконцентрирано.
Семејствата што ги направија првите чекори пред 50 или 100 години, денес управуваат со секторите од кои зависи светската економија: енергија, храна, малопродажба, фармацевтска индустрија, технологија и луксуз.
За малите економии и пазарите во развој, ова е важен сигнал: глобалниот капитал сè повеќе има семејно име.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата