ХОЛАНДСКАТА КОМПАНИЈА „ТУЈНКАМЕР“ САКА ДА ГРАДИ ФАБРИКА ВО СКОПЈЕ

Vecer | 24.11.2026

ХОЛАНДСКАТА КОМПАНИЈА „ТУЈНКАМЕР“ САКА ДА ГРАДИ ФАБРИКА ВО СКОПЈЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Холандската компанија „Тујнкамер“, е заинтересирана за проширување на производството преку нова инвестиција за производство на монтажни куќи, наменети за извоз на европскиот пазар.

Ова од компанијата денеска му го посочиja на директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски на средбата на која се разговараше за условите и постапките за реализација на потенцијалната инвестиција во една од развојните зони.

Претставниците на компанијата ги презентираа своите намери за проширување на производството, како и потребите поврзани со изборот на соодветна локација и производствен објект.

Нејзината понуда вклучува и префабрикувани модели, а процесот на реализација опфаќа дизајн, подготовка на елементите во сопствена работилница и монтажа на локацијата на клиентот.

Димовски се осврна на конкретните можности кои ги нудат зоните, со акцент на расположливите парцели и инфраструктурната опременост во однос на потребите на планираното производство. Притоа, истакна дека Дирекцијата стои на располагање при обезбедување детални информации за локациите, насоки за постапките за инвестирање и координација со надлежните институции во натамошната разработка на инвестицискиот проект.

Тујнкамер е холандска компанија специјализирана за проектирање и изведба на објекти по мерка, меѓу кои градинарски куќи, викендички, објекти за сместување гости и канцелариски простори во домашни дворови.

Компанијата веќе има основано друштво во Македонија, Тујнкамер ДООЕЛ Скопје, преку кое се разгледуваат можностите за воспоставување производствен капацитет во земјата.

Реализацијата на потенцијалната инвестиција би придонела за создавање додадена вредност за националната економија преку производство на готови производи за извоз, со можности за отворање нови работни места и вклучување домашни компании во синџирот на снабдување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk