Ноември измунува а се уште не е донесен буџетот на Европската унија.
Пред самое дна недела јавноста дозна за првиот конфликт кога германскиот канцелар Мерц постави услов: Или биџетот ќе с екрои такашто за Украина да се дадат дополнителни 70 милијарди евра, или нема да се донесе. На тоа се спротиставија четири членки на ЕУ:
Словачкиот премиер Роберт Фицо го обвини германскиот канцелар за „уцена“, бидејќи четири земји од ЕУ, Бугарија, Унгарија, Словачка и Чешка се спротивставија на неговото барање да го поврзе одобрувањето на следниот долгорочен буџет на блокот со нова финансиска поддршка за Украина.

Сега бројот на држави од ЕУ кои го блокираат буџетот се зголеми на пет.
Премиерите на земјите од Вишеградската група (В4) - Полска, Чешка, Унгарија и Словачка, заедно со Австрија, оценија дека најновиот предлог за буџетот на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, презентиран од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, е неприфатлив.
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека лидерите на петте земји се согласиле дека предлогот е неприфатлив и дека преговарачите сè уште имаат долг пат пред да постигнат договор, според Ројтерс.
„Можам да кажам во име на сите петмина дека предлогот презентиран од г-дин Кошта во саботата не е прифатлив за нас“, рече Фицо.
Тој изјави дека четирите членки на Вишеградската група ќе дејствуваат заедно за време на преговорите, инсистирајќи на зачувување на средствата за кохезиони фондови наменети за посиромашните региони и поддршка за земјоделството.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека нема да прифати никаква верзија на буџетот што би довело до зголемување на цените на енергијата, сериозни социјални трошоци или слабеење на одбранбените капацитети на Полска и другите земји на источното крило на НАТО.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш оцени дека предлогот е „апсолутно неприфатлив“, наведувајќи дека е против фактот дека, според него, недоволен дел од буџетот е доделен на земјите-членки во споредба со средствата што би биле доделени за централизирани програми.
Бабиш, исто така, побара финансирањето за Украина да се додели од повеќегодишниот буџет на ЕУ.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар повтори во Братислава дека Будимпешта не прифаќа поврзување на финансирањето на Украина со седумгодишниот буџет на ЕУ, ниту пак таквото финансирање да стане обврска.

Буџетот на ЕУ е главен инструмент за финансирање на политиките на Унијата, од поддршка на земјоделците до развој на нови технологии, индустрија и истражување, во услови на конкуренција со Кина и Соединетите Американски Држави.
Кошта предложи намалување на нацрт-буџетот на Европската комисија за 40 милијарди евра, на вкупно 1.582 милијарди евра за седумгодишниот период, во споредба со предлогот што го презентираше ирското претседателство со ЕУ во октомври.
Предлогот беше пречекан со критики и меѓу земјите кои се нето придонесувачи и меѓу оние кои се корисници на европските фондови.
Германија, најголемиот нето придонесувач во буџетот на ЕУ, смета дека предложениот износ е сè уште превисок, додека Франција и главниот преговарач за буџетот на Европскиот парламент, исто така, изразија забелешки.
Лидерите на ЕУ ќе го разгледаат предлогот на Кошта на вонреден самит на 26 и 27 ноември, со цел усогласување на ставовите на земјите кои придонесуваат повеќе во заедничкиот буџет отколку што добиваат од него и земјите кои се нето корисници, за да може да се постигне договор во декември.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата