logo
logo
logo

Преку знаење до економска независност: Diamond Mall ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Vecer | 09.10.2026

Преку знаење до економска независност: Diamond Mall ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

По повод третиот роденден, започна програмата на Diamond Mall за економско зајакнување на жените, иницијатива која нуди практична обука, но и им помага на учесничките да стекнат нови знаења, вештини и самодоверба за следниот чекор, а со цел обезбедување економска независност.

Програмата е наменета за жени од ранливи категории, меѓу кои самохрани мајки, невработени, жени со ниски приходи, како и жени кои немаат претходно работно искуство, но имаат желба да се развиваат, да најдат работа или да стартуваат сопствена деловна активност. Во текот на следните недели тие ќе имаат можност да учат, да развиваат нови вештини и чекор по чекор да се подготвуваат за нови професионални можности.

„Веруваме дека вистинското економско зајакнување започнува кога една жена ќе ја препознае сопствената вредност и ќе поверува дека може да направи повеќе. Но, за тоа се потребни и знаење, поддршка и охрабрување да се направи конкретен чекор. Токму тоа сакаме да го понудиме со оваа програма - простор во кој жените ќе можат да учат, да ги развиваат своите вештини и идеи, да се поврзуваат со други жени и со поголема сигурност да ја градат својата професионална иднина“, изјави Селин Анил Октај, директорка за управување со имот во Limak Skopje.

Во рамки на програмата, учесничките ќе ги совладаат основите на дигиталните алатки, финансиите и практичната примена на вештачката интелигенција како личен асистент. Обуките ќе ги водат искусни предавачи, со фокус на тоа технологијата да биде разбирлива и применлива во секојдневната работа.

За оние кои веќе изработуваат сопствени производи, програмата предвидува работилница „Од рачна изработка до успешен пласман на пазарот“, преку која учесничките ќе научат како своите изработки да ги подготват за пазарот и како да ги претстават пред потенцијалните купувачи.

Големо внимание ќе биде посветено и на развивањето на таканаречените меки вештини, при што учесничките ќе добијат практични совети како подобро да се подготват за процесот на самовработување, вработување и претприемништво.

Важен дел од програмата се и мотивациските говори. Тие ќе ги охрабрат учесничките да ги препознаат своите силни страни и да веруваат во своите можности.

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност. Оваа година, фокусот е ставен на економското зајакнување на жените. За компанијата, ова е начин третиот роденден да биде одбележан не само со прослава, туку и со иницијатива што трае многу подолго од еден ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk