УШТЕ 19,4 МИЛИОНИ ЕВРА ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОДАТ ЗА КОМПАНИИТЕ Досега компаниите повлекле 190 милиони евра

Vecer | 03.10.2025

УШТЕ 19,4 МИЛИОНИ ЕВРА ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОДАТ ЗА КОМПАНИИТЕ Досега компаниите повлекле 190 милиони евра
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Вкупно  19,4 милиони евра нова транша  е исплатена од кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, пари кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем

Парите се наменети за кредити на компаниите кај комерцијалните банки за инвестициски проекти.

Со оваа транша вкупната поддршка што од централниот Буџет е исплатена кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра.

Во Буџетот за 2025 година се планирани вкупно 250 милиони евра кои се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра.

Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку унгарската Експорт-импорт банка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk