ЗБУНУВАЧКО ВИДЕО: По оставката, Кристин Лагард се огласи со фластери на лицето - заминува 8 месеци пред истекот на мандатот

Vecer | 29.10.2026

ЗБУНУВАЧКО ВИДЕО: По оставката, Кристин Лагард се огласи со фластери на лицето - заминува 8 месеци пред истекот на мандатот

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард (70), ќе се повлече од функцијата на 7 февруари 2027 година, околу осум месеци пред истекот на нејзиниот мандат, соопшти денеска Банката со седиште во Франкфурт.

Мандатот на Лагард требаше да заврши на крајот на октомври 2027 година. Таа застана на чело на централната банка на 1 ноември 2019 година.

Лагард за својата одлука за предвремено повлекување ги известила Советот на гувернери на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Сега останува на лидерите на 21 земја од еврозоната да изберат наследник на француската економистка.

„Само за да ги избегнам коментарите на социјалните мрежи: фластерите на моето лице се поради помала операција на почетокот на неделава. Следете ги препораките на лекарот и редовно проверувајте ја кожата!“, напиша Лагард под објавеното видео во кое соопшти за нејзината одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk