logo
logo
logo

ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАД 100 ДОЛАРИ поради ескалацијата на Блискиот Исток

Vecer | 14.09.2026

ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАД 100 ДОЛАРИ поради ескалацијата на Блискиот Исток

Цените на нафтата во понеделникот повторно значително пораснаа, при што двата главни референтни типа на сурова нафта Брент/Brent и ВТИ/WTI – се искачија над 100 долари за барел. Брент достигна околу 107,8 долари, додека американскиот ВТИ се тргуваше над 102 долари за барел, објави Ројтерс.

Растот на цените се должи на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и зголемените стравувања дека нападите врз нафтената инфраструктура и транспортните рути би можеле дополнително да го нарушат глобалното снабдување со енергенси. Дополнителен притисок врз пазарот создава и прекинот на работата на важната саудиска Исток-Запад нафтена цевководна мрежа по напад со дронови.

Инвеститорите особено го следат развојот на ситуацијата околу Ормускиот теснец и Баб ел-Мандеб, клучни транспортни коридори за глобалната трговија со нафта. Продолжувањето на нарушувањата во снабдувањето би можело дополнително да ги зголеми цените и да создаде нов инфлаторен притисок врз светската економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk