Рускиот вицепремиер тврди дека рускиот дизел продолжува да се појавува на европскиот пазар и покрај санкциите, предупредувајќи дека резервите на гас во европските складишта се на историски најниско ниво пред зимата.
- Руското дизел гориво понекогаш влегува на европскиот пазар под различни брендови, и покрај ограничувањата за купување на нафтени деривати од Русија, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.
Одговарајќи на прашање од новинарот на Вести, Павел Зарубин, за можните европски купувања на руски гас од друга земја, рускиот вицепремиер го наведе примерот со руското дизел гориво.
„Ваквите случаи се можни бидејќи Европа забрани купување руска нафта и нафтени деривати, но гледаме дека рускиот дизел понекогаш се појавува во Европа под различни брендови“, објасни Новак, пренесуваТАСС.
Новак, исто така, посочи на ниското ниво на резерви на гас во европските подземни складишта на гас пред зимата.
„Историски гледано, резервите во подземните складишта на гас се на најниско ниво денес, а како Европејците ќе се справат со зимата ќе биде друга приказна“, заклучи тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата