logo
logo
logo

Жештините ги затворија училишните врати: ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА НАСТАВАТА СТАРТУВА ПО 11 СЕПТЕМВРИ

Vecer | 04.09.2026

Жештините ги затворија училишните врати: ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА НАСТАВАТА СТАРТУВА ПО 11 СЕПТЕМВРИ

Екстремните жештини го поместија почетокот на учебната година во Република Српска, па учениците во основните и средните училишта нема да седнат во училишните клупи во предвидениот период. Министерството за образование и култура одлучи наставата да не започне од 4 до 11 септември 2026 година, поради високите температури и несоодветните услови за работа, со цел да се заштитат здравјето и безбедноста на учениците и вработените.

Од Министерството посочуваат дека одлуката е донесена поради тешките временски услови, кои создаваат ризик и отежнуваат нормално одвивање на образовниот процес.

„Мерката е преземена со цел заштита на здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата и обезбедување безбедни и соодветни услови за спроведување на образовната работа, во согласност со важечките законски прописи“, соопшти Министерството.

Така, наместо на 4 септември, учебната година во основните и средните училишта во Република Српска ќе започне по завршувањето на периодот во кој се очекуваат екстремно високи температури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk