logo
logo
logo

Визнер: Србија се уште не е подготвена да ја прифати реалноста на независно Косово

Vecer | 20.12.2024

Визнер: Србија се уште не е подготвена да ја прифати реалноста на независно Косово

Поранешниот претставник на СAД во преговорите за статусот на Косово, Френк Визнер, вели дека напредокот на Косово варира од прашање до прашање, дека не постигнало се што сакало, но дека се изградило како суверена држава во европското семејство.

Во интервју за сервисот на Радио Слободна Европа на албански јазик, Визнер вели дека Србија се уште не е подготвена да ја прифати реалноста на независно Косово, па затоа договорите меѓу двете земји, според него, не функционираат.

Тој вели дека Косово од свои причини треба да формира Заедница на општини со српско мнозинство, но со „многу ограничени ингеренции“.

Визнер смета дека се уште е рано да се каже што може да се очекува од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во однос на Западен Балкан.

Сепак, тој додаде дека се надева оти новата администрација на Трамп нема да биде „во искушение“ да ги промени границите на Западен Балкан./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk