ВИДЕО | ВОДЕН ПЕКОЛ ВО ГРЦИЈА - Поројот носеше автомобили како играчки, куќи под вода, жена погодена од гром

Vecer | 16.08.2026

ВИДЕО | ВОДЕН ПЕКОЛ ВО ГРЦИЈА - Поројот носеше автомобили како играчки, куќи под вода, жена погодена од гром
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Силно невреме го погоди Пелопонез, предизвикувајќи за само неколку минути големи поплави и сериозен хаос во областа Мани. Поројната вода носела автомобили, поплавувала куќи и туристички објекти и оштетила патишта, а противпожарната служба добила десетици повици за помош. Во Итило, жена била погодена од гром додека била во автомобил и итно била пренесена во болница во Спарта, додека најмалку десет лица биле безбедно извлечени од своите возила.

📍Mani region of Greece 🇬🇷

🚨 Torrential floods sweep through the Mani region of Greece, inundating homes and washing away several vehicles following a powerful storm. August 15, 2026 🎥

Via: Forecast Weather #Greece #Mani pic.twitter.com/5o6VoQC3DG

— sustainme.in®️ (@sustainme_in) August 15, 2026

Најтешко погодени се населените места Алипа, Кокала, Итило, Лимени и Каравостаси, каде што поројниот дожд предизвикал големи количества вода и кал. Во Алипа, на одредени места водата достигнала до прозорците на објектите, а поплавени биле куќи и туристички сместувања.

Водената стихија однела и неколку автомобили во морето, додека делови од патната инфраструктура биле уништени. Оштетени се и локални мостови.

На социјалните мрежи се појавија снимки од последиците од невремето, на кои се гледа како огромни количества вода се слеваат од повисоките делови и навлегуваат во домовите и објектите.

Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, соопшти дека Националниот здравствен систем е ставен во целосна готовност поради последиците од невремето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk