logo
logo
logo

УДАР ЗА ХРВАТСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Природните непогоди направија штета од 37 милиони евра

Vecer | 26.08.2026

УДАР ЗА ХРВАТСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Природните непогоди направија штета од 37 милиони евра

Природните непогоди годинава предизвикаа милионски штети врз хрватското земјоделство, при што загубите на земјоделските култури од почетокот на 2026 година до средината на август достигнаа околу 37 милиони евра. Податоците ги соопшти потпретседателот на хрватската Влада и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ.

Тој ги претстави податоците на средбата со словенечкиот министер за земјоделство Јанез Циглер Крал во рамки на 64. Меѓународен саем за земјоделство и храна „АГРА“ (AGRA) во Горња Радгона, во североисточна Словенија. На средбата Влајчиќ и Циглер Крал разговараа за последиците од сушите, поплавите, високите температури, болестите и штетниците врз земјоделското производство, водните ресурси, приходите на земјоделците и безбедноста на снабдувањето со храна.

Според Влајчиќ, во 2025 година вкупната пријавена штета врз земјоделските култури во Хрватска достигна 358 милиони евра, од кои околу 320 милиони евра беа предизвикани од сушата.

Хрватскиот министер нагласи дека климатските промени веќе не се прашање на иднината и дека е потребно поголемо внимание да се посвети на превенцијата и адаптацијата, а не само на проценката и надоместувањето на веќе настанатите штети

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk