logo
logo
logo

СЕ КРИЕЛ ВО БАГАЖНИК ПО УБИСТВОТО ВО КСАМИЛ: Осомничениот за смртта на 20-годишниот Французин фатен во бегство

Vecer | 18.08.2026

СЕ КРИЕЛ ВО БАГАЖНИК ПО УБИСТВОТО ВО КСАМИЛ: Осомничениот за смртта на 20-годишниот Французин фатен во бегство

Убиен е 20-годишниот француски државјанин Мигел Мендес во Ксамил, а албанската полиција веќе го уапси осомничениот за крвавиот напад. Младиот Французин бил пронајден без знаци на живот во раните утрински часови на лежалка на плажа, а според првичните информации, бил избоден со нож. Како осомничен за убиството е посочен 29-годишниот Сократ Вата од Хас, кој по инцидентот побегнал од местото на настанот.

По него веднаш беше организирана полициска потрага, а осомничениот на крајот бил пронајден на контролен пункт во Леван, во областа Фиер.

Полицијата го открила Вата скриен во багажникот на автомобил управуван од 31-годишна турска државјанка. Во возилото се наоѓал и 38-годишен турски државјанин.

Осомничениот и двајцата турски државјани биле приведени и спроведени во Регионалната дирекција на полицијата во Валона за понатамошни процесни дејствија.

Албанската полиција соопшти дека истражниот тим, под раководство на Обвинителството, продолжува со работата на целосно расветлување на случајот и документирање на сите околности поврзани со убиството.

Истрагата треба да утврди што точно му претходело на нападот и кои биле мотивите за смртоносниот напад врз младиот француски турист.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk