Двајца луѓе загинаа, а околу 500 беа евакуирани во големите пожари што во неделата го зафатија грчкиот остров Саламис, во близина на Атина. Огнот избувнал речиси истовремено во областите Перистери и Селини, а силните ветрови за само неколку минути го прошириле пожарот кон населените места. Телата на жртвите биле пронајдени во Перистери, додека поради брзото ширење на огнената стихија властите испратиле итни предупредувања и наредиле евакуација на загрозеното население.
Утрово фронтот на пожарот во Перистерија, на грчкиот остров Саламис во близина на Атина, е стабилизиран, но пожарникарите остануваат во состојба на готовност поради ризик од разгорување, објавија денес грчките медиуми.
Пожарникарите се активни во областа и се распоредени на различни локации за справување со пожарите, објави EPT News.
Грчкиот портал „Катимерини“ објави во неделата дека најмалку две лица загинале во пожарот, 10 се повредени, а 502 лица се евакуирани од крајбрежните области Сатерли и Колонес.
Зградите во Перистерија претрпеле сериозна штета, додека во неколку случаи пожарот оставил само изгорени делови од зградите, што го отежнува дури и утврдувањето дали станува збор за станбени или деловни простории.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата